Штом сонцето ќе се скрие зад хоризонтот, единствено само мачките можат да се снајдат во „мртвата“ темница помеѓу куќите изградени од кал бидејќи нема улично осветлување…
Ал Хамра е дестинација која со текот на годините сè почесто се наоѓа на листата на бројните вљубеници во необичните патувања и е една од најстарите во Оман. Ал Хамра стои во подножјето на планината околу 400 години, а е изградена од кал.
Повеќето куќи се напуштени и трошни, а шетањето низ тесните улици во текот на ноќта е посебно искуство. Може да се каже, и тест за храброст за оние кои се плашат од темнината. Веднаш штом сонцето ќе зајде зад хоризонтот, само мачките можат да се снајдат во темнината бидејќи нема улично осветлување.
Една од омилените активности на туристите е качување на покривите и уживање во погледот, односно фотографирање на по малку натприродниот пејсаж.
Доколку одлучите да патувате во Ал Хамра, сместување може да побарате во Бајт Алjабала, што е најблиску до искуството на спиење во типични куќи од кал. Иако сместувањето е скромно – со душеци на подовите, посетителите ја фалат услугата. Појадокот е вклучен во цената, а наводно е исклучително вкусен и претставува добра прлика за истражување на егзотичните кујни.
Ал Хамра е позната и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму. Секако не треба да се пропушти да се посети и блиското село Мисфат Ал Абриин кое се смета за едно од најубавите во земјата. Куќите на врвот на планината се наоѓаат на висина од околу 1000 метри и се задолжителна станица на патниците кои уживаат во пешачењето во природа.