Албанец од Косово ја убил девојката пред нивното дете

701

Француската јавност е згрозена од најновиот инцидент во кој Албанец од Косово, идентификуван како Лиридон Б. ја убил својата девојка пред очите на нивното дете.

Локалните медиуми пренесуваат дека 23-годишниот Албанец од Косово пукал во неговата партнерка Стефани пет пати пред нивната ќерка која имала само четири години. Набрзо потоа го напуштил местото на настанот.

Полицијата и медицинските служби веднаш пристигнале на местото на нападот, но и покрај нивните напори, младата девојка починала.

Јавниот обвинител соопшти дека Лиридон направил повеќе од 20 кривични дела поврзани со насилство и трговија на дрога. Косовскиот Албанец бил пуштен од затвор на 12-ти мај и ставен во домашен притвор со носење на електронска алка.

Неколку часа откако ја убил својата партнерка, Лиридон бил уапсен и ставен во притвор.