Македонските фудбалски репрезентативци за првпат нѐ одведоа на Европско првенство, а евидентно е дека клучната состојка, покрај талентот на оваа генерација и лидерството на капитенот Горан Пандев, секако, е сплотеноста меѓу играчите. Оттаму, вчера тие ни одржаа не само фудбалска, туку и пар други лекции, кои се надеваме ќе потраат. Се надева и Фитим Бела, а во надеж дека неговата порака ќе помогне во тоа, ќе ја споделиме овде:
„Ова е еден шамар за сите тие што не веруваат во соживот, мултиетничност и најважно од сѐ – човечност. Да не слушнам повеќе Албанци, Македонци, Турци, Босанци, Роми, Срби, Власи, Торбеши и останато, сфатете дека сме ЛУЃЕ. Ете што значи богатството што го имаме на разни вери и нации – да сознаеме и научиме, да се ПОЧИТУВАМЕ едни со други, да си се радуваме на сите празници и да си славиме сите заедно. Да се засладиме со баклавите за бајрам, да се радуваме на вапцаните јајца за велигден, да им тропнеме на врата на католиците за нивниот божиќ и така натаму.
А НИЕ ТОКМУ ОВА НЕ ЗНАЕМЕ ДА ГО УЖИВАМЕ И ИСКОРИСТИМЕ.
-Размислете, што можеме да испуштиме во поклонов наречен живот?
Браво момци, се надевам дека шамаров што ни го врзавте барем малку ќе нѐ заболи“, пишува Бела, човек, на Фејсбук.
ОВА Е ЕДЕН ШАМАР ЗА СИТЕ ТИЕ ШТО НЕ ВЕРУВААТ ВО СОЖИВОТ, МУЛТИЕТНИЧНОСТ И НАЈВАЖНО ОД СЕ ЧОВЕЧНОСТ. ДА НЕ СЛУШМНАМ…
POSTED BY FITIM BELA ON FRIDAY, NOVEMBER 13, 2020