Алек Болдвин стана татко во 63-та година од животот! Доби уште едно дете со 26 години помладата инструкторка по јога!

534

Актерот Алек Болдвин (63) го добил петтото дете со сопругот Хиларија (37).

Хиларија среќните вести ги споделила на Инстаграм со фотографија на која се таа и Алек со новородениот син, но сè уште не се одлучиле за името.

View this post on Instagram

🖤

A post shared by Hilaria Thomas Baldwin (@hilariabaldwin) on

„Добивме бебе синоќа. Совршено е и не можеме да бидеме посреќни. Следете ме и понатаму за да го дознаете името“, напишала инструкторката по јога Хиларија.

Парот веќе има четири деца, ќерката Кармен (7), синовите Рафаел (5), Леонардо (3) и Ромео (2).

Хиларија е неговата втора сопруга, а минатата година во рок од седум месеци имала два спонтани абортуси.

Пред неа Алек бил во брак со колешката Ким Бејсингер, со која ја имаат ќерката Ајерланд (24). Со Хиларија е од 2011-та година.