Александар Тарабунов ја најави својата „Маска од насмевка“

853

Тара има нова песна со наслов „Маска од насмевка“. Потенцијалниот летен хит е со потписите на Тара чија е музиката, текстот е на Робин Зимбаков, додека аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов.

„Одамна ми беше направена музиката и се некако чекав да дојде вистинското време. Верувам во песната и се надевам дека имаме убав производ“, вели Тара.

Видеото е снимено на Јадранот, а е работено со Зоран Зонде Стојановски.

0