Aлександра Пријовиќ деновиве гостуваше во една телевизиска емисија каде отворено зборуваше за бракот со посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ со кого е заедно веќе две години.
Ро рамки на емисијата на пејачката и приредија изненадување па и пуштија видео снимка од нејзината венчавка по што следувало интервју со Филип.
Тој зборуваше за нивниот брак и максимално ја пофали и и упати низа комплименти на сметка на нејзиното мајчинство, но и однос како сопруга.
Александра е убава жена, добра сопруга, пријателка, мајка… Најсреќна е кога е со нашиот син и јас сум пресреќен поради тоа, кажа Филип.
Тој откри и дека сака проширување на семејството, а по овие зборови Пријовиќ се расплаче во емисијата.