Алиоски ја одби последната понуда на Лидс, се сели во Турција?

853

Најновите информации од Англија велат дека македонскиот фудбалски репрезентативец Езџијан Алиоски ја одбил и последната понуда од англискиот Лидс.

Попларниот Џани очигледно решил да го напушти „Еланд Роуд“ на крајот на оваа сезона.Кога во прашање е новата дестинација на Алиоски, најмногу се поврзува со Галатасарај.

Сезонава Алиоски во редовите на Лидс од првата минута започна 23 од 32 натпревари на Лидс, а на најголемиот дел од нив играше како лев бек.

Ќе потсетиме во Лидс Алиоски пристигна од швајцарскиот Лугано.