Аман, оди си: Јунајтед му плаќа на свој фудбалер да си замине

738

По примерот на Алексис Санчес, Манчестер Јунајтед се обидува да се ослободи од уште еден непотребен фудбалер ова лето.

Станува збор за аргентинскиот репрезентативец Маркос Рохо кој имаше можност да замине во Евертон, но трансферот пропадна бидејќи клубот од Ливерпул го сакаше на позајмица, а Јунајтед беа подготвени да преговараат само за перманентен трансфер. Рохо има договор на уште две сезони за плата од 130 илјади фунти неделно и тоа е една од причините поради кои не сака да слушне за заминување од Олд Трафорд. Оле Гунар Солскјер јасно му порача дека не смета на него, но тоа ништо не му значи на Аргентинецот.

Јунајтед е подготвен да му плати дел од преостанатиот договор за да си замине. За Рохо постои интерес од Италија и Шпанија, а тој минатата сезона одигра само осум натпревари.