Прашумите во Амазонија наскоро би можеле да станат савана. Размерите на сечењето на шумите во Амазон се толку многу големи што сега се смета дека се уништува површина од три фудбалски терени во минута. Тоа значи дека наскоро би можеле да стигнеме до точка после која Амазонија не би можела да бид истото што е сега, пишуваат од „Guardian“.
Порастот на сечењето на шумите кој се случил во месец мај и јуни оваа година, потврдува дека претседателот Жаир Болсонаро дал зелено светло за илегално експлоатирање на земјиштето, сечење и палење на околината.
Според информациите на сателитскиот систем Детер Б, кој почнал со работа во 2015-та година, во јули биле исечени 1.345 км квадратни бразилски амазонски прашуми, што е за третина повеќе отколку што биле исечени во јуни, пренесуваат од „Индекс“.
До крајот на овој месец останаа уште малку денови, се претпоставува дека размерите за уништување на Амазон се многу големи што ова ќе биде првиот месец во последните неколку години кога Бразил изгубил подрачје со прашуми.
Постојаното намалување на прашумите е закана за глобална стабилизација на климата. Ако се продолжи со ова темпо прашумите би можеле да се претворат во савана, со што ќе се намали способноста за апсорбција на јаглерод што може да го зголеми глобалното затоплување.
Претседателот и другите министри во повеќе прилики ја критикувале Агенцијата за надгледување на шумите поради давање парични казни на незаконски дрвосечачи, а владата преземала чекор за да ја намали заштитата на шумските резервати и автохтоните подрачја.