„Американците го донесоа коронавирусот во Кина!“: Објавата на високиот претставник на Пекинг “го раздрма“ светот

1261

Жао Лилијан, претставник на министерството за надворешни работи во Кина, го изнел своето тврдење на социјалната мрежа Твитер во четвртокот.

Кинескиот претставник сугерирал дека американската војска можеби го донела смртоносниот коронавирус во Кина, но не дал никакви докази за тоа негово тврдење.

Жао Лилијан, претставник од министерството за надворешни работи, изнел тврдење, повторувајќи ги сличните теории на заговор кои што се шират на кинеските социјални мрежи и медиуми, кои што го обвинуваат САД за глобалната пандемија.

Шефот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести, изјавил дека извор на вирусот биле дивите животни кои што се продаваат на пазарите во централниот кинески град Вухан.

Но, во последните неколку денови, кинеските власти и угледните здравствени експерти тврдат дека вирусот можеби настанал некаде на друго место, затоа што Пекинг бил бесен откако американските претставници болеста ја нарекле “вирус Вухан“.

Во својот твит, Жао објавил видео снимка од шефот на американскиот центар за контрола и превенција на болести, кој пред Конгресот сведочел дека на некои Американци за кои се верува дека починале од грип, постхумно му бил дијагностициран Ковид-19.

„Кога во САД се појавил нултиот пациент? Колку луѓе инфицирал? Како се викаат болниците?“ – напишал Жао на Твитер.

„Можеби американската војска ја донела епидемијата во Вухан. Бидете транспарентни. Објавете ги вашите податоци! САД нема друго објаснување“.