Два руски авиони “Su-35” пресретнале воен авион на американската морнаричка патрола над Средоземното море, соопштила американската шеста флота.
“Трет пат за два месеци, руски пилоти летаа на небезбеден и непрофесионален начин во текот на пресретнувањето на “Посејдон П-8А” на поморската патрола на американската морнарица на Шестата флота на 26-ти мај” се наведува во соопштението.
Како што се тврди, пресретнувањето било небезбедно и непрофесионално бидејќи руските пилоти премногу се доближиле до секое крило на американскиот авион, со што го ограничиле “способното безбедно маневрирање на P-8A”.
Инцидентот траел околу еден час, наведува флотата.
Пентагон исто така на 15-ти април пријавил дека руски “Su-35” пресретнал американски авион над Медитеранот.
И тогаш американската морнарица навела дека пресретнувањето било небезбедно.