Том Брејди во март минатата година го напушти тимот на „New England Patriots“ во кој помина 20 сезони и во кој ги имаше сите 9 настапи во „Super Bowl“ и одлучи кариерата да ја продолжи во „Tampa Bay Buccaneers“, тим кој ја освои единствената титула во 2003 година со победа против „Oakland Raiders“ и веќе во првата сезона во новиот клуб стигна до тронот.
43-годишниот Том Брејди е професионален играч на американски фудбал и еден од најдобрите спортисти на светот. Иако има над 40 години, тој е неверојатно вешт и успешен. И додека многумина очекуваа пензионирање на овој спортист, тој уште еднаш докажа дека е рано за тоа.
Освен со неверојатните спортски успеси, светот најмногу му се воодушевува поради режимот на исхрана, но и начинот на живот. Еве за што станува збор:

Том смета дека „вистинската храна“ е онаа која го алкализира телото и ги намалува воспалителните процеси. Алкалната храна ја намалува pH вредноста, што помага во спречување низа болести, ја зголемува енергијата и спречува оштетување на коските.
Со што се храни Том Брејди?
Тој воглавно јаде органска, локална и растителна храна и избегнува преработена храна. Утрото го започнува со половина литар вода со електролити, потоа со овошно смути, па вежба. По вежбањето, пие уште вода и овошен сок.
Ручекот обично му се состои од риба со зеленчук, а попладневната ужина е овошје или протеински шејк. За вечера претпочита свеж зеленчук, а понекогаш и супа.
Брејди не пие алкохол, не јаде леб и тестенини, житарици, пченка, млеко, храна која содржи ГМО, транс масти, шеќер, вештачки засладувачи, соја, индустриски сокови, масло за готвење, брза храна, солени грицки, слатки, засладени пијалаци, компир, кечап итн. Меѓутоа, списокот на забранета храна не завршува овде.

Спортистот има и свој личен готвач, Ален Чембел, кој опишал како се храни Брејди:
„Без шеќер. Без брашно. Користам сирово маслиново масло, но не готвам со него. Готвам само на кокосово масло. Користам розова хималајска сол како натриум, никогаш не користам јодирана. Не пие кафе, не пие млеко. Дури не јаде одредено овошје и зеленчук. Брејди никогаш не јаде пиперка, домат или модар патлиџан“.
Иако исфрлањето на шеќер и преработена храна е одлично, експертите тврдат дека тврдењата на спортистот за алкалната храна се апсолутно неточни. Ниту една храна не е во состојба да ја промени pH вредноста на телото, тврди професорот Стјуарт Филис.

Меѓутоа, во едно се сложуваат и лекарите и Том Брејди, а тоа е дека алкалната исхрана овозможува побрзо закрепнување по болест или повреда.
Покрај исхраната, Брејди се држи до правилниот сон. Секоја вечер заминува на спиење во 21 часот и избегнува забави и славење до доцна во ноќта. Станува околу 6 часот наутро за да вежба и тоа го прави секој ден. Обожува природа, па често го носи целото семејство на пешачење и долги прошетки.