Американка која што тежела 136 килограми со сопственото тело го задушила своето момче кое што било тешко „само“ 54 килограми.
136 килограми тешката Американка Винди Томас од сојузната држава Пенсилванија ја признала вината за убиството на своето момче, 44-годишниот Кин Батлер кој што имал 54 килограми. После признанието за убиство од трет степен, американските медиуми пренесуваат дека сега ѝ се заканува казна од 36 години затвор.
Винди го убила својот дечко во март оваа година во нивниот стан. 44-годишната Американка на истражителите им рекла дека го задушила својот дечко со сопственото тело, а со нож му ја расекла раката и го удрила од масата.
Засега не е позната причината за кавгата помеѓу Винди и Кин. Таа наводно била во алкохолизирана состојба, а се скарале кога таа посакала да пуши крек. Обдукцијата потврдила дека Кин е убиен така што Винди му ги повредила градите, вратот и главата.
После тоа, Винди ги повикала службите за итна помош и на полицајците им признала дека го убила Батлер. На 21-ви декември таа ќе ја дознае конечната казна, а на осудената ѝ се заканува затворска казна од 18 до 40 години.