Американската актерка и модел Ана Лин Мекорд, најпозната по улогата на Наоми Кларк во серијата „9021 Беверли Хилс“, ја коментираше ситуацијата помеѓу Русија и Украина.
34-годишната Ана Лин, која е позната и како хуманитарец, апелираше до Русија да ги прекине нападите, но нејзините зборови предизвикаа шок и потсмев, упатени до „нарцисоидна актерка“, како што ја нарекуваат на Интернет.
„Почитуван претседателе Владимир Путин, многу ми е жал што не Ви бев мајка“, вели актерката во видеото.
Таа додава дека животот на Путин би бил поинаков доколку таа била негова мајка.
Dear Mister President Vladimir Putin… pic.twitter.com/LbDFBHVWJf
— AnnaLynne McCord (@IAMannalynnemcc) February 24, 2022
„Да бев Ваша мајка, светот да беше ладен, би умрела да Ве стоплам… Ќе умрев за да Ви дадам живот“, продолжува таа, а потоа вели дека жали што се родила „премногу доцна“ за да биде мајка на руски лидер.
Актерката дала до знаење дека зборува метафорички и дека всушност мисли на ‘мајка Русија’.
„Ова дефинитивно ќе го запре Путин. Толку си храбра Ана Лин Мекорд“, „Следниот пат само запеј ја ‘Imagine’. Полесно би било од ова што го направи – што и да е тоа“, се дел од саркастичните коментари.
„Ќе мора да ја засилиш римата ако сакаш да ја запреш војната…. Ова не е приспивна песна“, се надоврзал друг корисник.
За потсетување, многу домашни и странски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи и го осудија нападот на Русија врз Украина и апелираат војната што поскоро да запре.