Американскиот онколог со совети: “Лицата кои се однесуваат на овој начин не заболуваат од рак”

708

Познатиот онколог Дејвид Агус, шеф на одделението за рак и молекуларна медицина во Калифорнија, дава вредни совети за здравиот начин на живот.

Ден без движење е еднаков на испушена кутија цигари

Физичката активност го продолжува животот, а седечкиот начин на живот го зголемува ризикот од развој на васкуларни и срцеви болести.

“Ако една личност седи 6 часа без да се раздвижи, тогаш на своето тело му нанесува иста штета како да испушила една кутија цигари”, вели Агус.

За да го подобрите здравјето, не мора да се исцрпувате со напорни вежби – доволно е да прошетате навечер пред спиење, да се качувате по скали наместо да се возите со лифт и слично. Физичката активност треба да биде умерена за да биде пријатна.

Внимавајте на вашиот крвен притисок и пулс

Лекарите советуваат редовно мерење на крвниот притисок, отчукувањата на срцето и следење на холестеролот и глукозата во крвта. Во присуство на хронични болести, неопходно е да се третира здравјето со посебна одговорност. Се препорачува детален преглед еднаш годишно на лицата од 18 до 30 години, а за оние постари од 40 години се препорачува детален преглед на секои 6 месеци.

“Доколку имате проблем со притисокот, мерете го притисокот и пулсот два пати дневно во рок од 10 дена и потоа однесете го деталниот извештај кај вашиот матичен лекар”, советува онкологот.

Јадете вкусно и правилно

“Сметам дека сите знаете колкава е штетата која ја предизвикува лошата храна. Избегнувајте преработени намирници и бидете внимателни со свежо цедените сокови – тие не содржат толку влакна како свежото овошје. Истата работа е и со блендираното овошје и зеленчук – помалку време се троши на варењето, додека нивото на глукоза расте”, вели д-р Агус.

Подобро е да ги исфрлите грицките и да јадете 3 пати дневно бидејќи тоа го минимизира ризикот од појава на дијабетес. Експертите објаснуваат дека 3 оброци дневно се сосема доволни за една просечна личност, ако нема прекумерна тежина.

Исхраната мора да биде богата со свежо овошје и зеленчук бидејќи тие содржат неопходни витамини и минерали. Вештачките витамини треба да се исфрлат од исхраната бидејќи науката не ги потврдила нивните корисни својства. Доколку сакате да ослабнете, практикувајте медитеранска исхрана која е богата со житарици, овошје, зеленчук, риба и маслиново масло.

Што се однесува до месото, Агус советува да јадете стек неколку пати неделно, а кога станува збор за алкохолот дозволена е само една чаша суво вино со вечерата.

“Рутината е добра, гледајте секој ден да ја одржувате. Јадете секој ден во исто време и легнувајте си во исто време. Отфрлете ги лошите навики, ако пушите цигари не префрлајте се на електронските бидејќи тие можат да бидат опасни. Одвојте време за одмор и релаксација. Еднаш годишно одете на систематски преглед”, заклучува американскиот онколог.