Ана Глигиќ: Во Европа има два различни типа на коронавирус! Еве што можеме да очекуваме во декември!

628

Светски познатиот вирусолог, Ана Глигиќ која е позната како шеф на тимот што во поранешна СФРЈ ја порази епидемијата со вариола вера вели дека во Европа има два различни типа на вирусот корона.

Во ексклузивното интервју за емисијата Во Центар, Глигиќ вели дека овој есенски вирус се разликува од вирусот кој во Европа беше присутен оваа пролет.

Есенскиот бран на вирусот, според Глигиќ, е многу позаразен од пролетниот но за среќа многу помалку смртоносен. Таа вели дека пролетниот вирус траел до средината на мај а дека од јуни наваму ние имаме шпански вирус кој е настанат на шпанските фарми каде се одгледуваат куни.

Според Глигиќ овој корона вирус е многу поопасен од шпанскиот грип кој беше присутен во светот од 1918 до 1920 година. Шпанскиот вирус ги напаѓаше само респираторните органи, додека короната е многу подмолна болест која ги напаѓа срцето, бубрезите, крвните садови итн.

Глигиќ смета дека по 15 декември ќе почне да се намалува бројот на заразени а дека Новата година ќе ја дочекаме во многу поубаво расположение.