Анче Стојова има 36 години, растена е во дом без родители, живее во социјален стан и има инва лидитет. Од ден наден запаѓа во се потешка состојба. Повеќе е гладна отоколку сита, повеќе е тажна отколку среќна, вербата во Бог ја одржува во живот.
Таа во емисијата ,,Срце на Дланка” ја раскажа својата приказна во која ретко кој нема да пушти солзи.
– На 3,5 години мајками ме оставила во дом заедно со мојот брат, со изговор дека живеела под кирија, работела цел ден и била самохрана мајка. Комшиите ја пријавиле дека не се грижела доволно добро за нас. Не качила во автобус и не оставила во домот ,,11 октомври” во Капиштец. Доаѓаше да не гледа еднаш месечно, кога си одеше јас многу плачев, брат ми беше овде да ме тешеше.
– На 18 години излегов од домот, во многу лошо време, беше тешка зима, првата ноќ откако излегов ја поминав во еден стан кај брат ми кој беше под кирија, подоцна преку една фондација се вселивем во една куќа со уште седум случаеви како нашите.
Како што вели таа кога поденсувала документи за стан прво гледала да го среди нејзиниот брат и некој други блиски како неа, за себе гледала на крајот,но со помош на Господ успеала да направи да добијат стан и таа и брат и.
Го засакала фудбалот,играла 16 години фудбал, дури и заиграла и за женската фудбалска репрезентација, животот и бил исполнет но тој среќен момент ќе биде запечатен со еден навидум обичен проблем кој ќе и го смени цел живот.
– Почна да ми помодрува палецот на ногата, отидов на доктор и му кажав дека каква ми е состојбата и дека неможам да платам, тој ми рече да бидам без грижи околу тоа. Се испостави дека имам запишена венска артерија во ногата и ми стави ,,бај пас ” во ногата. На прстот имав црни точки подоцна се испостави дека е ган грена. Отидов и докторот ми го отсрани палецот, тоа беше непријатен момент за мене но тоа беше само почеток на проблемите.
По два месеци состојбата почнала да и се влош ува почнале да и помодруваат и другите прсти на ногата но кога отишла докторот и кажал дека веќе неможе да ја лечи без пари. Таа со стр ашни болки отишла во државна болница.
– Со стр ашни болки пешки отидов до Државна, докторот кога ме виде остана без зборови, дури и него му дојдоа солзи и ми рече дека не сум единствена, и дека други пациенти имало што доаѓаат од тој доктор. Ми рече дека треба пола стапало да се отстрани. Се запрепастив, цел свет ми се сруши врз глава. За два дена ме оперираа и ми го отстранија пола стапало, животот од тогаш видно ми се смени.
Покрај сите проблеми и состојбата во која се наоѓа таа се вработила во ,,Паркови и Зеленила” имала силна желба за работа, но работата била многу тешка и поради состојбата морала да ја напушти иако тие пари многу и значеа. Земала 4 илјади денари туѓа нега, но поради необновување на документи и го ускратија тој додаток. А како што вели самото обновување ја чинело 1500 денари.
-Последните месеци живеам без ниту еден денар, најстудените зимски денови ги минував без струја,има денови кога ни леб не сум ставила во уста, имам најави дека и овој стан ќе ми биде одземен поради неплаќање на кирија, вели низ солзи Анче.
Вербата во Бога и дава најголема сила, сака да работи, бара работа која ќе е соодветна на нејзината состојба, и секоја помош и е од корист во овие тешки моменти од животот. За било каква помош може да се обратите на бројот 075 304 405.