Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го импресионираше тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, уште на првиот меч како стартер. На пријателскиот меч против Олимпик Марсеј кој „наполитанците“ го добија со 0-1, тој одигра одлично, ја започна и акцијата за победничкиот погодок. Анчелоти е одушевен.
„Некои играчи треба да работат како Фабијан Руиз и Елиф Елмас. Елиф покажа дека е интелегентен играч, има сила, покажа дека е комплетен играч. Тој е многу кратко со нас и верувам дека ќе биде одличен“, рече Анчелоти.