Анчелоти се закани: Ќе ги напуштаме ваквите натпревари во иднина!

809

Интер успеа синоќа во дербито на колото во Серија А, да оствари минимална победа против Наполи со 1:0, а тренерот на Наполитанците испрати сериозно предупредување до водечките луѓе во Серија А.

Карло Анчелоти беше премногу лут што судијата не сакаше неколкупати да ја прекине играта, пред се поради расистички испадни на „Нераѕурите“ од трибини.

Но освен тоа, дефанзивецот на Наполи синоќа беше исклучен со црвен картон, а Анчелоти го објаснуваше моментот по натпреварот.

Воопшто не сум лут на Колибалу поради црвениот картон. Баравме од судијата три или четири пати да го прекине мечот, но се што добивме беше неколку објави од официјалното лице на натпреварот како предупредување. Колибалу е добар и мирен дечко, добро е воспитан и мораше да ги слуша сите тие расистички навреди. Тој не беше внесен 100% во натпреварот поради таквата атмосфера“.

„Можеа да ја запрат средбата половина час порано. Италија е прекрасна земја, но ова мора да престане, ако не сакааат тие, ние ќе ги прекинеме сите следни натпревари ќе го напуштиме теренот. Ако 65 000 гледачи дојдат пред Божиќ на фудбалски стадион, тие сакаат да гледат фудбал, а не вакви работи. Тоа мора да го промениме, целосниот менталитет не е добар“,истакна Анчелоти.