Дали посакувате да имате на дофат луксузни апартмани и вили со приватни базени и пристапна прекрасна Камала плажа, со неверојатен поглед кон океан?
Сместен на врвниот западен брег на Пукет, Andara Resort & Villas е едно од најлуксузните сместувања за оние кои сакаат да уживаат во тропскиот рај на островот. Овој имот се наоѓа на мал рид покрај Андаманското море, па на своите гости им нуди панорамски поглед на океан од апартманите и вилите, при што секој предмет е дизајниран да коегзистира во совршената хармонија со природен пејзаж на морето.
Пукет е дестинација позната по своите беспрекорни плажи, каде луѓето можат да уживаат во чистиот бел песок и во пливањето, кои секако се неизбежен дел од времето поминато на тропски предел. Со Камала плажата, која ви е на дофат, Андара е луксузно одморалиште, кое е особено погодно за сите оние кои со себе ја носат љубовта кон сонцето, морето и песокот.

Во било која од 26-те луксузни вили со базен, гостите ќе можат да се опуштат близу природата, во своите приватни базени кои гледаат кон Андаманското море. Овде може да „користите“ и асистенти на вилата и тајландски шефови, кои ви се достапни 24 часа дневно и се подготвени да се погрижат за секоја ваша потреба.
Од друга страна, ако во било кој случај одберете еден од 37-те луксузни апартмани, ќе добиете прилика да уживате во нивните пространи спални соби, трпезарии и дневни соби. Покрај кујната со посебен стил, може да излезете на отворена тераса и да пиете вино или да се опуштите под сонцето, со Андаманското море кое ќе биде пред вас. Повеќето апартмани имаат свој приватен инфинити базен, така што можете да се опуштите во приватноста, насред бујното зеленило.

Ова одморалиште се наоѓа во непосредна близина на најдобрите ресторани, бутици и друг тип на атракции на овој остров. Сепак, веруваме дека можеби ќе посакате да го прескокнете истражувањето на градот и сè што тоа ви нуди, бидејќи Андара поседува свои ресторани и широк асортиман со предности.
SILK ресторанот ви нуди врвна тајландска кујна, специјалитети на скара, морски специјалитети и вегетаријански деликатеси.
Андара Спа, кој нуди широк опсег на третмани исто така ви стои на располагање, како и Андара Селебрити јахта, која ви нуди можност за крстарење, доколку побарате.




















