Андријана Јаневска: „Не гушкајте ги парите, тие нема да ви возвратат со љубов!”

1009

Андријана Јаневска веќе долги години е во складен брак со музичарот Драган Гиновски – Гино, а плод на нивната љубов се синовите Кристијан и Димитар. Иако има две деца, пејачката изгледа совршено, а нејзин најголем атрибут се долгите и витки нозе кои се почесто ги истакнува. Вели дека по породувањата воопшто немала проблем со вишокот килограми затоа што е поприлично активна и постојано е во движење.

„Со оглед на тоа што и двете бремености ми беа супер, бев хиперактивна. Постојано бев во движење, работев, јас сум човек кој не може да седи на едно место, затоа и мислам дека добро избалансирав со тежината”, вели Јаневска која и покрај многуте ангажмани кои ги има секогаш се труди да најде време за своето семејство.

„Се разбира, има периоди кога имам многу работа, но за среќа често пати се случува да имам многу слободни денови. Сепак, најчесто работам нормално, по 8 часа дневно (проби во опера, часови на факултет, приватни часови, снимања во студио, настапи). Спијам исто така по 8 часа, па лесно е да се пресмета дека ми остануваат уште толку за моите деца и сопруг, како и за релаксација и за сите останати актвности и обврски во домот. Секој ден шетаме надвор, одиме на лулашки, во парк, возиме велосипед. Дури и ако имам работа, понекогаш децата ги носам со мене, па така сме скоро цело време заедно. Ги учам да се сакаат и почитуваат, да сфатат дека нема ништо повредно од семејството, зашто колку и да ги гушкаат парите, тие никогаш нема да ги гушнат нив“, заклучи пејачката.

Извор: Убавина и здравје