Анџелина Џоли е во врска со познатиот диџеј? Нејзините деца го сметаат за Бог

707

Разводот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли сè уште не е завршен. Американските медиуми предвидуваат дека целата процедура ќе трае со години поради парите кои и двајцата ги вложуваат во адвокатски тимови.

И додека Бред се бори со своите маки бидејќи Анџелина сака да го преземе старателството над децата, таа наводно веќе „фрлила око“ на друго момче.

Според пишувањата на таблоидот „New Idea“, по 5 години Анџелина пронашла нов партнер и тоа светски познатиот диџеј Дипло.

Неименуваниот извор тврди дека актерката и диџејот биле неодамна видени на состанок на една забава во Лос Анџелес. Дополнителни гласини поттикнал и самиот Дипло, објавувајќи фотографии на Инстаграм на кои била забележана и Анџелина.

„New Idea“ тврди и дека Џоли веќе го запознала Дипло со своите деца и дека тие го обожуваат.

„Децата мислат дека тој е Бог, па нема сомнеж дека ќе ја одобрат новата врска на нивната мајка, особено сега кога малку се опушти. Сè траеше толку долго, и разводот и локдаунот и никој не се чуди што таа си дозволила малку релаксација“, изјавил неименуваниот извор.

Колку се тврдењата на таблоидот точни, тешко е да се дознае. Меѓутоа, Анџелина во своите изјави претходно одлучно негираше дека размислува за нова врска или партнер. Исто така, неодамна за „Vogue“ изјавила дека сè уште закрепнува од разводот и дека е зафатена со одгледување на децата.