Во последно време, сите очи се вперени во бившите сопружници Бред Пит и Џенифер Анистон, а се шушка дека двојката повторно е заедно и дека се посреќни и позаљубени од кога било досега.
Иако и двајцата ги негираат овие шпекулации и тврдат дека се само пријатели, јавноста на ова само шармантно се смешка, но има и една личност што има горчлива насмевка на лицето поради ваквиот тек на случувања, а тоа е бившата сопруга на Бред, Анџелина Џоли, поради која Пит се разведе од Анистон.
Според пишувањата на таблоидот „Глоуб“, убавата холивудска актерка е бесна поради блискиот однос на Пит и Џенифер, поради што, како што се шпекулира, не може ниту да јаде.
Не може да го поднесе фактот дека Бред и Џенифер се пријатели повторно, и се гади од целата таа ситуација. Поради сето тоа нема апетит и воопшто не јаде“, открил извор близок до актерката.
Меѓутоа, за сето ова познатата глумица се’ уште се нема огласено, а познато е дека поради стрес досега повеќепати имаше нарушување во исхраната.