Германската канцеларка Ангела Меркел нема да се кандидира на партиските избори за претседател на владејачката CDU на 8. декември.
Информацијата ја објавила и самата канцеларка утрово по состанокот на партијата, пишува “Focus.de”.
По 18 години минати на чело на партијата, Меркел одлучила да се повлече.
“Reuters” оценува дека со нејзиното откажување од претседателската функција ќе започне трката за наследник и на местото германски канцелар, иако Меркел претходно кажала дека планира да остане на таа функција.
“Bloomberg” јавува дека веднаш по објавувањето на тие вести во Берлин бил забележан пад на еврото на берзата.
Гласачите, по Баварија, ја казниле CDU и нејзините коалициски партнер и на вчерашните избори во Хесен.