Ангеловски со проверени сили ќе ги отвори квалификациите за СП 2022

730

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери за претстојните три натпревари против Романија (25 март, Букурешт), Лихтенштајн (28 март, Скопје) и Германија (31 март, Дуизбург) од квалификациите за Светското првенство 2022.

По историската сезона во Лигата на нации и пласманот на следното Европско првенство, нашите фудбалери се пред нови предизвици и квалификации за Мундијалот кој ќе се одигра во Катар во 2022 година. На списокот на селекторот се наоѓаат 26 фудбалери.

ОДБРАНА: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езџјан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлероа, Белгија);

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија);

НАПАД: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);

Подготовките за почетокот на квалификациите за Светското првенство, нашата репрезентација ги започнува на 22 март во Скопје.