Здружението „Анима Мунди” објави вознемирувачки фотографии за хајка на кучиња во Тетово.
,,Тетово денес. Рутинско чистење на кучињата во градот по видеo снимките појавени пред неколку дена на кои видовме група кучиња кои шетаат низ центарот на Тетово. Никој не бил крив и не одговара што толку бездомни животни има на улиците.

Никој не е крив и нема да одговара што употребил отров кој за 5 минути во најстрашни маки може да убие возрасен човек, а камо ли дете. Видете ги, во сопствен измет и локви крв. Никој не е крив и нема да одговара што ги фрлил на улица, веројатно товарени во комбиња, префрлани од една општина во друга. Никој не е крив и не одговара што се води хајка врз животните – само тие се криви што се живи во Република Македонија”, соопштија од Анима Мунди.
