Ова истражување е нарачано од американскиот НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.
Во анкета спроведена од американскиот Национален демократски институт (НДИ) 14 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 10 отсто за СДСМ.
На прашање за доверба во политичарите, за лидерот на СДСМ Зоран Заев глас дале 8 отсто од анкетираните, Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има 5 отсто доверба, Стево Пендаровски и Димитар Апасиев имаат доверба од 4 отсто, а Зијадин Села и Али Ахмети по 2 отсто. Дури 50 отсто од граѓаните што учествувале во анкетата немаат доверба во никој од политичарите.
Од другите политички партии пет отсо помалку од СДСМ имаат ДУИ, Левица и Алијанса за Албанците.
Нa прашањето „дали нивото на демократија во земјата се влошува, исто е или се подобрува?“ 52 отсто одговориле дека се влошува, а 16 отсто дека се подобрува.
Во анкетата на НДИ има прашања и за поддршката за Европската унија во земјава која е намалена – 67% од испитаниците би гласале за членство во ЕУ, перцепциите за ЕУ се влошени, а 19% се против членството во ЕУ, процент кој во 2018 изнесувал 10%.
Поддршката за НАТО останува висока со 63% (64% во 2018), додека противењето на воениот сојуз се зголемило за 9% во однос на 2018, и сега изнесува 24%. Позитивното мислење за Турција, Русија, САД и Кина е зголемено во однос на 2018.
Граѓаните имаат најдобро мислење за Турција (52%, зголемено од 42% во 2018)) и Русија (48%, кое се зголемило од 32% во 2018). Позитивното мислење за САД (43%) и Кина (38%) е намалено покажува анкетата на НДИ.
Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2.410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.
НДИ важи за институт, близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.