Античка мистерија: Зошто илијадници посетители го посетуваат Стоунхенџ на 21 јуни?

853

Посетителите облечени како друиди и магионичари, на најдолгиот ден во годината тргнуваат на патување со песна, ритуален танц и звуци на тапани во раните утрински часови. На првиот ден од летото, кога на северната полутопка на Земјата е најдолгиот ден во годината, многу луѓе се собираат пред Стоунхенџ, во Вилтшир.

Се верува дека познатиот споменик е всушност календар и астрономска опсерваторија. Распоредот на камењата е добро осмислен и поставен така што местото го фаќа сончева светлина која служи за пресметување на деновите и годината. Празнините помеѓу блоковите имаат функција, односно служат за обележување на положбата на Сонцето и Месечината.

Тоа што древните жители имаат одлично познавање на математика и понатаму е прашање кое ги измачува научниците. На летната краткоденица повеќе од 30.000 луѓе го посетуваат Стоунхенџ за да го дочекаат изгрејсонцето над споменикот. Посетителите се облечени како друиди и магионичари, на најдолгиот ден во годината тргнуваат на патување со песна, ритуални танци и звуци на тапани во раните утрински часови.

За славниот споменик и понатаму има бројни митови и легенди. Се верува дека е изграден во времето помеѓу 4 и 3 век п.н.е., но никој не знае на кој начин, ниту што точно претставува.

Иако за него постојат премногу теории, Стоунхенџ сè уште е на листата на нерешени мистерии. Оваа камена изградба датира од пред 100 години и беше продадена на аукција за смешни 600 фунти. Купена била од Сесил Чаб како подарок за неговата сопруга, но бидејќи не ѝ се допадна Сесил одлучи да му ја подари на државата.