Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, поранешниот капитен на нашата селекција, Перо Антиќ кој во моментов е без клуб го откри она што многумина ги интересираше. А тоа е неговата иднина.
Антиќ изминатата вечер гостуваше во емисија на „Антена 5 радио“ кај водителот Панчо, а во разговорот откри дека сезонава одбил добра понуда и тоа од еден од најдобрите клубови на денешницата.
„Пред две седмици одбив понуда од Армани Џинс Милано од Италија, замисли да се одбијат пари и се. Кога станува збор за МЗТ Скопје можам да кажам дека во текот на цела кариера, па и сега не сум имал понуда од нив“, изјави Антиќ, а во продолжение најави:
„Летово дефинитивно ќе има простување, ќе биде присутен Лука Дончиќ, Ал Хорфорд… Искрен да бидам, ми се игра уште, но…“