ржавната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе ги испита наводите дали Град Скопје има склучено договор со адвокатското друштво на градоначалникот Петре Шилегов, информираше на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
„Во врска со наводите што ги слушнавме преку медиумите, дека Градот Скопје има склучено договор со адвокатското друштво, ДКСК одлучи да го испита овој случај и да ги потврдиме или отфрлиме наводите и за тоа ќе ја известиме јавноста, бидејќи станува збор за сензитивно прашање. Во однос на тоа дали тој сега има договор со адвокатската канцеларија, наводите не се точни бидејќи тој го раскина договорот со адвокатското друштво“,
рече Ивановска
Таа појасни дека ДКСК еднаш констатирала судир на интереси во тоа што градоначалникот Петре Шилегов склучил договор за консултантски услуги со своето адвокатско друштво, но случајот бил затворен откако тој го раскинал договорот.
Тогаш постапувале по доставена пријава, по што антикорупционерите го повикале Шилегов и му доставиле одлука за судир на интереси.
„ДКСК го повика Шилегов и му објасни дека согласно член 44 од Законот, службено лице може да остварува приходи од научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности, како и приходи од авторски и други активности…, но не може од консултантски услуги, бидејќи тие не спаѓаат во тој член. На Шилегов му била доставена и одлуката на ДКСК за судир на интереси, и тој постапил по неа, го раскинал договорот со адвокатското друштво, нè извести за тоа, по што ДКСК го затвори предметот констатирајќи дека судирот на интереси е отстранет“,
рече Ивановска.