Спутник објави снимка на која на небото над Белград може да се забележи руски транспортен авион Ан-124 „Руслан“ кој испорачува четири нови хеликоптери.
„Антонов“ слета вчера, а во него имало хеликоптери Ми-35М наменети за воздухопловните сили и воздушната одбрана на српските вооружени сили.
Автор на снимката е Урош Митровиќ, кој го снимил моментот на слетување на авионот со регистарски ознаки РА-82038 на аеродромот „Полковник Миленко Павловиќ“ во Батајница, соопшти Спутник.
Русија пред истекот на рокот ги испорачала хеликоптерите за српската војка, кои што треба да ја зајакнат авијацијата во земјата во наредниот период.
Според претходните најави, хеликоптерите требало да пристигнат во првиот квартал на 2020 година, но се доставени порано и тоа два дена пред средбата меѓу претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин, во Сочи.