Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, смета дека пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса имаат, како што вели, историска шанса да ја стават ДУИ во опозиција.
„Ако пратениците на Алијанса, Алтернатива и Беса не ја искористат историската шанса во четврток да го стават ДУИ во опозиција, тогаш на наредни избори (кога и да бидат) ќе бидат прегазени токму од ДУИ како шлепер жаба и никогаш нема да се повратат“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Објавата на Апасиев следува откако пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, денеска изјави дека нема да биде дел од списокот за уривање на Владата ниту ќе го поддржи гласањето во четврток доколку на списокот останат и пратениците на Левица.