Апасиев: Куба сака да испрати лекари во Македонија за полесно да се справиме со Ковид-19, но нашиве косогледи копита гарант ќе одбијат

599

Амбасадорката на Куба во Македонија, Каридад Јамира Кието Милиан денеска по средбата со премиерот Заев рече дека по урнекот на помошта што несебично ја пружи во Италија и во Франција, Куба е подготвена да ѝ помогне во секое време и на Македонија доколку е тоа потребно во справувањето со епидемијата од ковид-19, објави Канал 5.

„Куба е подготвена да соработува со било која земја во светот. Да се спротивстави не само на коронавирусот, туку и да помогне во секој случај на итност или болести. Во моментов имаме кубански доктори во 59 земји во светот, а во 37 земји од нив се борат со коронавирусот, или во бројки, 39 илјади кубански доктори помагаат ширум светот за да се спротивстават на пандемијата. Секако, ние ќе бидеме подготвени да и помогнеме и на Македонија и на македонскиот народ”, вели амбасадорката на Куба, Милиан во разговор за телевизијата Канал 5.

Куба има 9 лекари на 1.000 жители, најмногу на светот според Светската здравствена организација и ефикасно и евтино здравство. Оваа земја има искуство и со производство на вакцини, a во моментов е во трка за пронаоѓање и на сопствена вакцина против коронавиурсот.

На сето ова сe огласи и лидерот на Левица Апасиев:No description available.