Апасиев остро ја нападна „Коалиција Маргини“: Поради ова се залагаме за десоросоидизација на невладиниот сектор!

529

Невладината организација „Коалиција Маргини“ вчера објави дека е поднесена првата тужба во Македонија против учебник за високо образование поради дискриминација.

Станува збор за учебникот „Основи на персонологија 2“ од професорот Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во кој, како што тврдат од „Коалиција Маргини“, има „вознемирувачки содржини“.

Според невладината организација, во книгата има „обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременоста и квалификувањето на истополовите партнерства како забеганост“.

Во врска со оваа тужба денес се огласи и Димитар Апасиев од партијата „Левица“, кој порача дека станува збор за хајка против универзитетски професор со делови од неговата книга кои се целосно извадени од контекст.

Со вадењето од контекст на делото на професорот Јанаков, според Апасиев се повредува универзитетската автономија и академската слобода, а изречениот став на професорот не може да биде никаков основ за дискриминација.

Објавата на Димитар Апасиев на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ ви ја пренесуваме во целост:

„КОГА ЖРТВАТА ЌЕ СТАНЕ ЏЕЛАТ

1. Вчерашната оркестрирана СОРОСПИСКА ХАЈКА против нафрлани делови извадени од контекст од факултетски учебник на универзитетски професор (кој не го познавам) е комуниколошки пример за тоа како не треба да се водат јавни кампањи за зголемување на свеста! Ја разбирам фрустрацијата и личниот зол мотив на Ирена Цветковиќ против Филозофскиот факултет на УКИМ (затоа што не беше примена за асистентка), но овој инцидент од вчера е неопростив во едно демократско општество! И повеќе одвраќа, отколку што приклонува кон вашата „кауза“ за правата на маргинализираните заедници.

2. Да спинуваш и вадиш од контекст дело на професор и да хушкаш одредена група на секташко либтард-граџанство против него, не само што е неетички, туку е и спротивно на духот и на словото на самиот Закон за спречување и заштита од дискриминација – кој, btw, и пратениците на Левица го поддржаа во Собранието: „ВОЗНЕМИРУВАЊЕ претставува несакано постапување кон лице или група лица врз дискриминаторски основи што има за цел или последица, повреда на достоинството или создавање на заканувачка, непријателска, понижувачка или застрашувачка средина, пристап или практика“ [чл. 10, ст.1 од Законот – види слика во коментар].

3. Во нормална држава, после ваков илегален инквизиторски екцес и недораснато задирање во универзитетската автономија и академската слобода гарантиани во Уставот и во Законот за високо образование, се добиваа СУДСКА ЗАБРАНА за делување на невладината организација, а фондацијата која ве финасира (во случајов СОРОС), веднаш би ви ги секнала паричките за „проектот“ кој шири говор на омраза и ја загрозува сигурноста на личноста, наместо истите да ги заштитува.

4. Да сум на местото на професорот, ќе ви опнам КОНТРАТУЖБА + кривична пријава и нема да знаете кај ви е г’зот, а кај ви е глаата – оти изречен став може да биде „вербален деликт“ (клевета, навреда, кр. дело и сл.), но не може да биде основ за дискриминација, затоа што не е дејствие, туку мислење! А за мислење дури ни Господ не казнува бе, драги мои наци-полицајци на мислата.

5. Адвокатот кој ви ја пишувал тужбата, да ви ги врати парите, оти судскиот спор 100% ќе го изгубите! ACTIO POPULARIS се поднесува само кога имате сторено или пропуштено „дејствие“. А мислата не е дејствие, туку уставно загарантирано право на слобода на изразување – без оглед дали е таа левичарска, десничарсска, конзервативна, либерална или каква год сакате.

6. Со вакви потези Коалиција Маргини уште долго време ќе си остане само една про-ес-де-ес-овска либерална секта, без никаков инпакт и влијание врз општественото живеење, освен збирштина на неколку нереализирани и „несфатени“ фрикови кои кркаат грантови.

7. Е баш поради ова, Левица се залага за ДЕСОРОСОИДИЗАЦИЈА на невладиниот сектор во Македонија!

p.s. Кај е сега Професорски пленум да реагира за заштита на универзитетската автономија од овие фб-милиционери и цајкани на мислата!?“