Апасиев: Тек сега почнуваме, Господ ги чува “будалите”

639

“Фронтменот” на Левица, партијата која вчера успеа да освои две места во парламентот, повторно се огласи на својот профил на Фејсбук.

Тој статусот го започна со зборовите: “Не очајувајте другари, долг е патот на борбата”.

„Мојот земјак, велешанецот Панко БРАШНАР беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор. Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро Глигоров. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе ‘суверена, самостојна и независна Република Македонија’. Ноќеска им го пробивме системот! Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува ‘будалите'”, напиша Апасиев на Фејсбук.

Лидерот на Левица на крајот додаде:

“Главата горе. И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! И тек сега почињаме”.