Михајло Салтировски има 31 година и е татко на две мали деца. Моментално е пациент во Клиничката Болница Аџибадем Систина Скопје.
Хоспитализиран е на одделот за Абдоминална хирургија со дијагноза: панкреатит со бубрежна и белодробна слабост и сепса. Хоспитализацијата ќе трае се додека истата биде неопходна бидејќи е во кома и на респиратори кои се многу скапи.
На Михајло му е потребна финансиска помош од преку 20 000 евра. Овие средства ќе му помогнат на Михајло да застане на нозе и да биде повторно со своето семејство!
