Апокалипса каква што се гледа еднаш во 100 години: Снегот и лавините во Европа убија 26 луѓе, најлошото допрва доаѓа

917

Тројца мажи загинале во лавина во близина на австрискиот ски-центар Лех Ам Арлберг. Трае потрагата по четвртиот скијач, кој засега се смета за исчезнат.

Во Франција, пак, загинале двајца вработени во ски-центарот Морилон. Настрадале во лавина, а во регионите Савоие и Хојте-Савоие на сила е предупредување поради опасност од лавина.

Екстремните зимски услови – големите количини на снег и ниските температури – во текот на последната недела ширум Европа однеле вкупно 26 животи.

Седумгодишно дете загинало откако откако на него паднало стебло во Германија, 16-годишник починал во лавина во Австрија и 27-годишен маж загинал во лавина во Словачка.

Лавините убиле и млада Швеѓанка и тројца скијачи од Финска во норвешкиот град Тромсо.

Во Австрија во текот на минатата недела паднале рекордни количини на снег, а новите огромни количини, и до 2 метри нов снег, се најавуваат во текот на следните три дена.

Во Швајцарија лавината целосно го затрупала хотелот Сантис во Швагалп. Повредени се три лица.

Ова се случува еднаш во 100 години

“Ваква количина на снег на висините поголеми од 800 метри надморска висина се случува на секои 30 до 100 години”, изјавил Александер Радлер од австрискиот Институт за метеорологија и геодинамика. Австриската војска пратила хелекоптери да го тргаат снегот од кошниците на дрвата за да се спречи паѓање на стебла на железничките пруги и патиштата.