Северна Калифорнија, поточно округот Хумболт, бил погоден од снежна олуја, по повеќе од 15 години без снег.
Во повеќе американски држави биле затворени училиштата, а пратениците ги одложиле сите седници поради снегот и снежните олуји кои повторно го зафатиле американскиот северозапад.
Во државата Вашингтон биле забележани три снежни олуји во текот на февруари, а измерени биле до 36 центиметри снег.
Метеролозите соопштиле дека таа американска сојузна држава ја очекуваат уште врнежи од снег во текот на денешниот и утрешниот ден.
Северна Калифорнија, поточно округот Хумболт, бил погоден од снежното невреме, по повеќе од 15 години без снег.
За снежен удар се подготвуваат и централните држави на САД, наведува агенцијата.
Исто така, голем број на летови на американските аеродроми доцнат или се откажани.