Арап објавил селфи со својата сопруга па ја разбеснил цела нација

565

Само три дена откако Саудиска Арабија објави дека на жените конечно ќе им биде дозволено да возат автомобили, еден маж вработен во една нафтена компанија на својот Твитер профил објави фотографија со својата сопруга која управува возило. Фотографијата за многу кратко време ги смени гледиштата на многумина, но и предизвика бурни реакции кај многу жители од земјата.

Имено под фотографијата именувана како „Додека чекаме законот да стапи на сила, започнав да ја учам мојата сопруга да вози, на безбеден и легален начин на еден приватен паркинг.

Овој напис предизвика бура реакции кај многумина, дел од коментарите беа следни: „Дали се чувствуваш барем малку засрамено бидејќи објавуваш ваква срамна фотографија“?, „Засрами се“.

Жените конечно добија дозвола за возење на автомобил уште во 2018 година, но на нив се уште им е забрането да се разведуваат, да отвораат сопствена сметка во банка, како и да се вработат без дозвола од најблизок маж во фамилијата.