Според усвоениот закон, абортусот ќе биде легален до 14-та недела од бременоста, а после тоа само во случај на силување и загрозување на животот на мајката. Абортусот досега беше дозволен само во овие два случаи, иако активистите велат дека тој не бил почитуван во некои провинции.
Сенатот на Аргентина усвои закон за легализација на абортусот, кој се смета за победа на движењето на жените, кое со децении се бори за тоа право.
Аргентина е најголемата латиноамериканска земја што легализира абортус, а одлуката на парламентот се очекува да има влијание и врз другите земји во регионот, каде што постапката е во голема мера забранета. Абортусот не е забранет во Куба, Уругвај, Мексико Сити, мексиканската држава Оахака и Француска Гвајана.