Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер изјавил дека нема да го тужи мажот кој го нападнал во Јужноафриканската Република, пренесуваат од Би-би-си.
Овој 71-годишник разговарал со фановите на спортскиот настан Arnold Classic Africa во саботата кога некој човек го удрил позади грб. Напаѓачот сепак на крајот е совладан после овој инцидент во Јоханезбург.
Шварценегер во неделата изјавил дека нема понатаму да се занимава со овој случај додавајќи дека “оди понатаму“.
Снимката која за многу кратко време стана вирална на социјалните мрежи ја прикажува актерската ѕвезда како позира со своите фанови во моментот кога еден маж се залетува и го удира со нога во грбот.
Неименуваниот маж подоцна е предаден на полицијата, рекле очевидците.