Фановите на серијата “Breaking Bad” можат да здивнат – феноменалните актери Арон Пол и Брајан Кренстон ги прифатија улогите во новиот филм покрај уште неколку актери кои ѝ се познати на публиката од претходните појавувања во серијата.
Брајан Кренстон, главниот лик во серијата, во ноември 2018 година откри дека за неколку дена започнува снимањето на филмот базиран на истоимената серија, но тогаш сѐ уште не беше познато дали тој ќе се појави во него, со оглед на тоа што неговиот лик Волтер Вајт почина на крајот од петтата сезона.
Снимањето на серијата заврши во 2013 година, а истата беше прогласена за една од најдобрите серии на сите времиња која доби голем број позитивни критики и пофалби од публиката.
Освен Арон и Брајан, режисерите на филмот го најавиле и повторното враќање на Кристен Ритер, Џонатан Бенкс, Џеси Племонс, Чарлс Бејкер, Мат Џоунс и Роберт Форстер.
Се очекува и враќање на трагичната љубов на еден од главните ликови, Џеси Пинкмен – неговата поранешна девојка која умира во серијата, би требало да се појави во филмот во едно од неговите сеќавања.
Брајан во едно интервју изјавил дека му се допаѓал ликот на Волтер Вајт и дека повторно би го играл.
“Возбуден сум поради снимањето на филмот бидејќи снимањето на серијата беше едно од најубавите професионални искуства во мојот живот и едвај чекам повторно да се сретнам и да работам со сите тие луѓе”, заклучил Кренстон.