Арсовска го pacкина договорот на Шилегов за украсување на Скопје

909

Новата градоначалничка на Скопје Данела Арсовска го раскина договорот за новогодишно украсување на Скопје.

Причина за раскинување на договорот, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, е можната енергетска криза и можните рестрикции во снабдувањето со електрична енергија.

Договорот за новогодишно украсување беше склучен од претходниот градоначалник Петре Шилегов со фирмата „Линк медиа лус“ и чини 240.000 евра.