Следното сослушување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред судот во Лондон, по повод барањето на САД за негова екстрадиција, ќе биде одржано на 30-ти мај, јавува “Itar Tass”.
Судијата Мајкл Сноу одлучил и продолженото сослушувањето во случајот со Асанж да биде одржано на 12-ти јуни.
Асанж денес пред судот во Лондон изјавил дека ќе се бори против екстрадицијата во САД, каде се товари за заговор поради хакирање на компјутерите на владата.

Запрашан дали се согласува да биде екстрадиран во САД, Асанж рекол дека се противи на екстрадицијата, поради , како што рекол, “новинарството за кое освоил многу награди”, пренесува “AP”.
Тој пред судот во Вестиминстер се појавил преку видео линк од лондонскиот затвор, каде служи казна од 50 недели поради кршење на условната слобода пред речиси седум години, по што се криел во еквадорската амбасада во Лондон.


