Асот во ракавот на Путин: Русија ќе ја контролира светската трговија, кој не ги почитува нејзините правила нема да му минат бродовите

947

Русија отсекогаш го сметала Арктикот за стратешки важно подрачје, а сега улогата на најсеверниот дел на Земјата ќе стане уште поголема. Претседателот Владимир Путин најавил амбициозна програма која ќе обезбеди зголемено присуство на Москва на Арктикот, и ќе изгради нови поморски пристаништа и инфраструктура.

Зборувајќи на Арктичкиот форум кој е одржан во Санкт Петербург, а на кој присуствувале и претставници на Финска, Исланд, Норвешка и Шведска, Путин го претставил планот кој наскоро би можел значително да го промени трговскиот и поморски сообраќај меѓу Азија и Европа.

Имено, во текот на минатата година преку поморските патишта кои водат преку Арктикот биле пренесени 20 милиони тони роба од источна Азија во Европа и спротивно, а планот на Русија е оваа количина да ја дуплира до 2025-та година. “Ова е многу реална и внимателно испланирана цел. Потребно е северната рута да се направи безбедна и комерцијално исплатлива”, вели Путин.

Токму тоа е причината поради која Русија многу интензивно гради три нови нуклеарни мразокршачи. Москва во својата флота од мразокршачи, инаку најголема на светот, веќе поседува четири вакви бродови, а изградбата на новите пловила речиси ќе ја дуплира таа бројка. Кога на нив ќе се додадат и класичните тешки мразокршачи, до 2035-та година Русија под свое знаме ќе има 13 големи мразокршачи кои без проблеми ќе можат да го одржуваат арктичкиот пловен пат во текот на целата година.

“Од тоа девет мразокршачи ќе бидат на нуклеарен погон”, рекол Путин. Воедно, Русија дополнително ќе ги прошири клучните пристаништа на источниот и западниот дел од пловниот пат, Петропавловск на Камчатка и Мурманск во близина на границата со Финска и Норвешка. “За овие проекти сме отворени пред сите и ги повикуваме странските компании на партнерство и заедничко вложување”, рекол Путин. Рускиот претседател го смета Арктикот за интересно стратешко подрачје. Русија почнала да ги засилува своите единици за делување на овој непристапен терен.

Изградени се нови воени бази и засилено е воздушното и поморското присуство, што ни најмалку не чуди бидејќи Русија контролира половина од Арктичкиот брег. Климатските промени до кои дошло последните години предизвикале повлекување и топење на мразот на северната Земја, па богатите наоѓалишта на енергенси и минерали сега се значително попристапни отколку пред неколку децении. Иако цената на нафтата стагнира веќе неколку години, Арктикот е интересен за Русија и поради поморските патишта кои стануваат комерцијално исплатливи.

Покрај класичната инфраструктура и пристаништата, дополнително се зголемуваат и руските воени капацитети на Арктикот, на подрачјето за кое се смета дека содржи четвртина од светските неоткриени наоѓалишта на нафта и гас. Според Сергеј Лавров, воените засилувања се наоѓаат таму за да ги заштитат националните интереси на Русија.

“Мораме да ја обезбедиме нашата одбранбена способност, посебно во светлото на воено-политичката ситуација во близина на нашите граници”, тврди Лавров, алудирајќи на воените вежби на НАТО во близина на Норвешка. Поморската рута преку Арктикот која сега Русија сака да ја оживее е важна и во геополитичка смисла. Пред се, овој пат и е интересен и на Кина, бидејќи значително се намалува патот на кинеската роба до Европа, со што нејзините производи стануваат поевтини и поконкурентни.

Сместен внатре во “Руската економска зона”, овој транспортен коридор се протега долж целиот руски северен брег, што на Русија и дава можност да го контролира целиот сообраќај. Складно на поморското право, Русија сега од бродовите кои минуваат од овој пат ќе бара најава за минување 45 дена однапред, руски капетан на бродот, како и надомест за пловењето, што придонесува за државниот буџет.

Москва тврди дека има право да ускрати правото на минување на пловилата кои ги кршат нивните правила. За контрола над подрачјето во овој момент се борат Канада, Норвешка, Русија, Данска, Исланд, Шведска, Франција и САД.