Убиен Фернандо Вилависенсио еден од кандидатите за претседател на Еквадор, познат по тоа што во своите говори често зборуваше против корупцијата.
Тој беше застрелан и убиен на политички митинг во главниот град среде бранот запрепастувачки насилства во јужноамериканската земја.
Претседателот Гиљермо Ласо го потврди атентатот на Фернандо Вилависенсио и посочи дека зад неговото убиство стои организирана криминална група.
Убиството се случува на помалку од две недели пред претседателските избори закажани за 20 август.
Пред пукањето, Вилависенсио рече дека добил повеќе смртни закани, вклучително и од водачите на мексиканскиот картел Синалоа, една од мноштвото меѓународни организирани криминални групи кои сега дејствуваат во Еквадор.
Вилависенсио беше еден од осумте кандидати, иако не и фаворит.
Канцеларијата на јавниот обвинител на Еквадор соопшти дека осомничениот за атентатот на Вилависенсио починал од повреди откако бил уапсен од властите.
Насилството во Еквадор, историски мирна земја, се зголеми во изминатата година бидејќи нарко дилерите ја „окупираа“ јужноамериканската земја, што пак резултираше со загрижувачки пораст на трговијата со дрога, насилните убиства и регрутирањето деца од страна на голем број банди.