Атина гори: Пожарот ги зафати и куќите, населението итно се евакуира (ВИДЕО)

1214

Пожарите кои беснеат северно од Атина се проширија и во населените подрачја.

Во подножјето на планината Пендели гори подрачје во должина од неколку километри, изјави градоначалникот на местото Дионисос, Јанис Калафателис. Огнот ги има зафатено и куќите, а населението е евакуирано. Во врска со пожарите е отворена истрага и уапсени се четири лица

Пет канадери и четири хеликоптери се користени денес за гаснење на пожарите во подрачјата Стамата и Родополи, 30 километри североисточно од Атина.

Жителите на ова подрачје примиле предупредување на мобилните телефони и се повикани вратите и прозорците да ги држан затворени што е можно подолго кака не би биле изложени на чад.

На терен се упатени 68 пожарникари, 22 пожарникарски возила се распоредени за да се обидат да го спрачат огнот, чиј чад допира до Атина. Силниот ветар го отежнува гаснењето на пожарот.