Атрактивната сопруга на Ел Чапо повторно заведува: Ема се вратила на социјалните мрежи

722

Коронел се омажила за поранешниот лидер на картелот Синалоа во 2008-ма година, на денот кога наполнила 18 години. Некогаш тинејџерската мис, сега има 32 години и 9-годишни близнаци со нарко-босот.

Ема Коронел, сопругата на озлогласениот нарко-бос Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, се вратила на социјалните мрежи по шест месеци откако исчезнала од нив, откако Ел Чапо бил осуден во САД на доживотен затвор.

Таа е трета сопруга на Гузман, а најновите фотографии покажуваат дека се наоѓа на зимување. Ема прво објавила фотографија на која позира во опрема за скијање, а веќе на следната ја раскопчала јакната и ги покажала облините.

Коронел се омажила за поранешниот лидер на картелот Синалоа во 2008-ма година, на денот кога наполнила 18 години. Некогаш тинејџерската мис, сега има 32 години и 9-годишни близнаци со нарко-босот.

Наводно е многу активна на социјалните мрежи и редовно имала објави на почетокот на 2019-та, а дури и ги повикала младите дизајнери да ја претстават модната линија која ќе биде наречена токму по Ел Чапо.

Сепак, сите свои објави на Инстаграм ги избришала во јуни, бидејќи сметала дека третманот кои ѝ го пружаат медиумите не е праведен. Една објава била лута реакција на извештајот дека таа позирала во тунелот кој нејзиниот сопруг го искористила за бегство од затвор.

Ел Чапо е ден од најмоќните нарко-босови во историјата, а својата империја ја градел со години. Неговото богатство се проценува на 14 милијарди долари.

View this post on Instagram

⛄️

A post shared by Emma Coronel Aispuro (@therealemmacoronel) on

Побегнал од затвор во Мексико во 2001-ва, а потоа и во 2015-та година. Повторно бил фатен во 2016-та година и потоа следната година префрлен во САД. Осуден е на доживотен затвор.