Кучињата се неверојатни суштества, но аутистичниот 15-годишен Миша Брандт отсекогаш бил премногу исплашен за да им пријде.
Тој обожувал да ги гледа како си играат, но иако со текот на годините неговите бројни стравови исчезнувале, стравот кон кучињата не го напуштал.
Сепак, сè се променило кога Миша го запознал лабрадорот Басил.
Ова пензионирано куче придружник сфатило дека на момчето му бил потребен поинаков пристап и мирно лежело покрај него на брегот. Со мало охрабрување од мајката Анџела, Миша полека почнал да му се приближувал и на крајот почнал да го гали.
“Успеав”, рекло воодушевеното момче.
Басил продолжил мирно да лежи, па охрабрениот Миша собрал храброст и нежно продолжил да го гали.
#TodayInABA my son with #autism played with a dog! May not seem like much, but he has a phobia of dogs. We’re still working on it but #ABA gave him the tools to overcome fear and anxiety as well as many other skills! pic.twitter.com/XXuQG8kxIV
— Angela B (@AutismMomMisha) August 3, 2020
“За него тоа беше голем чекор”, изјавила мајката на момчето.
Миша и Басил започнале и да си играат, а неколку дена подоцна заминале и на нивната прва прошетка.