Авион се запали при слетување на аеродромот „Шереметјево“ во Москва

945

Авион на руската компанија „Аерофлот“ се запали при слетување на аеродромот „Шереметјево“ во Москва. Сите 78 патници се евакуирани.

Според првичните информации најмалку петмина патници се повредени.

Авионот полетал кон Мурманск, но се вратил на московскиот аеродром откако му се запалил моторот додека бил во воздух.